Kaj газда Мине во прилепско Десово лебот е бесплатен за месецот Рамазан

Верниците од православна и исламска вероисповед денеска заедно ги започнуваат постите. Едните пред големиот христијански празник Велигден, другите пред Рамазан Бајрам.

Газда Мине Рамовиќ од село Десово го знае тоа, па затоа во месецот на Рамазан во неговиот маркет “Табако”, лебот ќе биде бесплатен за сите, и тоа во неограничени количини.

За таа цел сопствениците обезбедиле спонзори за секој ден до празникот Рамазан, па жителите од ова населено место можат бесплатно да ја подигнат оваа најнеопходна намирница.

Секоја чест и нека служи за пример за сите стопанственици, газди на маркети…од сите религии!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното