Ковачевски: Македонија треба да гласа ЗА, гласањето ПРОТИВ со себе носи последици за иднината

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва од Неготино ги повика граѓаните на изборите на 8-ми мај да гласаат ЗА европска Македонија, а не со глас ПРОТИВ да се обидат некого да казнат, бидејќи тоа носи последици и ризик за иднината на државата.
 
„Со гласањето ПРОТИВ одредена партија се создава илузијата дека некој некого казнува. Но, гласањето ПРОТИВ е со краткорочен ефект, кој со себе носи опасност од долгорочни последици за иднината на Македонија. Затоа, Македонија конечно треба да гласа ЗА! Ве повикувам, на 8-ми мај да излезете, да гласате и да ја дадете вашата поддршка за европската иднина. Имаме должност и обврска да обезбедиме европска иднина за нашите деца“, рече Ковачевски.