Поранешната новинарка и актуелна аналитичарка Јорданка Ивановска Јоци преку фејсбук објава порача дека оваа победа на ВМРО-ДПМНЕ е огромна и единствена.
- Христијан Мицкоски е новиот премиер, а Гордана Силјановска Давкова е првата жена претседателка на Македонија. И тоа од позиција на ОПОЗИЦИЈА, нешто кое досега не се случило, затоа што 30 години власта бираше претседател. Цел апарат е кај власта, а со тоа и сите механизми за злоупотреба! Тоа беше и мојот најголем страв цело време, вели таа во својата фејсбук објава и додава:
- Сите досегашни претседатели К.Глигоров, Б.Трајковски, Б.Црвенковски, Ѓ.Иванов, С.Пендаровски беа предложени и избрани од позиција на ВЛАСТ т.е нивната партија беше владеачка. Токму затоа оваа победа е огромна и единствена досега за Македонија!