„Анатомија на неверството“ вечер во театар „Комедија“

Во театар „Комедија“ вечер од 20 часот ќе се одигра претставата „Анатомија на неверството“ во режија на Александра Кардалевска, информираат денеска од театарот.

- Низ неколку засебни едночинки во кои истите актери толкуваат различни карактери, претставата зборува за неверството, бракот и воопшто машко - женските љубовни односи. Ликовите во сите едночинки се поставени во парадоксални ситуации, а самото сиже, спојувајќи две противречни состојби, претставува оксиморон што го изразува самото неверство како болно задоволство, односно пријатна сензација што создава проблеми. На тој начин, претставата игра по тенката линија на сарказмот и апсурдот создавајќи истовремено хумористични и драматични ситуации, се наведува во пишаната изјава на Кардалевска.

Автор е Валентин Красногоров, драматург - Дарко Јан Спасов, а костимограф - Ивана Каранфиловска.

Во претставата играат Жаклина Петровска и Тони Денковски.

Билети за претставата може да се купат на билетарница или преку интернет.

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

притисни ентер