Венеција почна да им наплаќа влез на туристи

Жителите на Венеција излегоа на протест поради одлуката на градоначалникот Луиџи Бруњаро да воведе такса од пет евра за влез на туристи во градот..

Како што велат градските власти, целта на ваквата одлука е да се заштити Венеција од големиот број туристи и градот да стане „повторно погоден за живеење“.

Според решението, жителите на Венеција, вработените во тој град, студентите, децата под 14 години и туристите кои престојуваат во тој град повеќе од една ноќ се ослободени од надоместокот.

Туристите кои ќе дојдат во Венеција во текот на денот, доколку не купат билет преку интернет, ќе можат да го купат дента, а оние кои ќе бидат фатени без билет во Венеција ќе треба да платат казна од 50 до 300 евра.