ВИДЕО: Наставник во Лас Вегас претепа ученик кој наводно го нарекол „црнец“

Наставник претепал ученик во Лас Вегас/Фото: Скриншот/Х

Снимката на која 27-годишен заменски наставник е снимен како тепа ученик, кој претходно наводно се однесувал расистички, предизвика сензација во САД.

На видеото се гледа како Рекуон Смит го фрла ученикот на земја, го удира неколку пати во средното училиште Вали во Лас Вегас. Инцидентот се случил минатиот вторник.

Според информациите, ученикот наводно го нарекол наставникот „црнец“ (negro) кој е навредлив термин, што резултирало со негов испад.

Откако видеата беа објавени во јавноста, полицијата ги уапси и наставникот и ученикот, а локалната полиција потврди дека заменискиот наставник бил отстранет од функцијата и сега му е забрането да предава во областа.

Според истите информации, ученикот се лекува во локална болница и се опоравува по нападот.

27-годишниот наставник се товари, меѓу другото, и за тоа што му нанел суштинска повреда на ученикот и е задржан со кауција од 9.000 долари, а неговото судење е закажано за денеска, петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот