Надал по елиминацијата во Мадрид: Сè уште не знам дали ќе играм на „Ролан Гарос“

Рафаел Надал/фото: EPA-EFE/Chema Moya

Шпанија на нејзино тло најверојатно го гледаше последниот меч на нивниот најголем тенисер во историјата, Рафаел Надал, кој го заврши настапот во Мадрид каде во осминафиналето загуби од Јиржи Лехечка од Чешка со 2:0 во сетови 7:5, 6:4.

Сега за Рафа следува учеството на мастерсот во Рим (8-19 мај), па грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз, (20 мај – 9 јуни).

– Ќе играм во Рим, со надеж дека ќе бидам подобар од овде. И после тој турнир ќе се одлучам за „Ролан Гарос“. Сè уште не сум сигурен дека ќе настапам во Париз – изјави Надал по поразот од Лехечка.

Иако беше подобар во Мадрид од неколку дена претходно во Барселона, факт е дека денес Надал е далеку од неговите најдобри денови.

– Го напуштам Мадрид со многу подобро чувство отколку кога пристигнав. Тешко е дури и да се замисли дека можеш да постигнеш некој успех со формата во која сум сега, но во спортот работите се менуваат многу брзо. Ќе играм во Рим, тоа е посебен турнир за мене. Го освоив 10 пати. Сакам да играм добро. Верувам дека можам да направам нешто – се зборовите на Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот