„Јас сум последниот човек за кој можеш да помислиш дека се дружам со нарко-босови, ја поддржува криминална организација со блокирана сметка“, вели Пендаровски

Актуелниот претседател и кандидат за претседател Стево Пендаровски од еден митинг посочи дека слушнал изјава од својата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова дека тој се дружел со нарко босови.

„Јас сум последниот човек во Македонија за кој можеш да помислиш дека се дружам со нарко-босови, и тоа знам некои во нејзиното најблиско опкружување кои се криминалци од раните 90-ти и ако сега има ветинг, тие не би го поминале. Значи луѓе кои не сразмено се збогатиле од кршење на санкциите во тоа време бивша Југославија, од раните 90-ти кога со фришоповите на северната граница во еден ден се правеше промет од 1 милион германски марки“, вели Пендаровски.

Според него, неговата противкандидатка е поддржана од партија со блокирана сметка.

„Да ве потсетам, еден од првите случаи на СЈО го отвори во 2015 е, не само за поединци од врвот на таа партија, туку партијата како таква. Заради тоа до ден денес тие имаат блокирана сметка“, додава Пендаровски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното