Психологот и татко на шест деца, д-р Џастин Кулсон, има ефикасен начин да го смири детето кога има излив на бес. Тој вели дека во овие моменти е неопходно да се признаат емоциите на детето.

„Родителите честопати прескокнуваат да го дисциплинираат детето или бараат од него да престане или да се смири, со надеж дека детето ќе слуша и ќе замолчи, но никој не сака да го слушне тоа, дури ни возрасните кога се вознемирени“, вели д-р Коулсон.

Затоа им сугерира на родителите да ги препознаат емоциите на детето и причините зошто се појавиле – и на тој начин да му помогнат на малечкото да се саморегулира и да се смири.

„Ако можете да именувате нешто, тогаш можете и да го скротите“, додава тој.

Според психологот, овој процес се нарекува емоционален тренинг и им помага на децата да ги разберат различните емоции што ги доживуваат, зошто се појавуваат и како да се справат со нив.

„Замислете дека нешто ве вознемирува и партнерот ви вели да се смирите, а вие зовривате од лутина. Веројатно ќе се налутите уште повеќе. Ако некој треба да се смири, тогаш прво именувајте ја емоцијата што ја чувствува. Така ќе се чувствува разбрано и секако може самата личност да започне да ја скротува таа емоција. Реалноста е дека животот е неправеден, но родителите имаат обврска да ги научат своите деца на општествено прифатливо однесување“, заклучува тој.

Според д-р Кулсон, најголемата човечка потреба не е да бидеме сакани, туку да бидеме сфатени.

Извор



912

X