КОЗЕРИЈА: Порака до Владата - како да нѐ подготвите за Илинден, 2 август 2023 год.

Текстот е авторски, претставува козерија , за оние кои не знаат - козерија е термин во журналистиката која означува сатиричен текст базиран на актуелни случувања. Секоја сличност со одредени лица и настани е намерна!

Премиере Димитар Ковачевски, пошто оваа година не не' пуштивте да влеземе во Св. Спас, иако имавме уредни акредитации ( не само Канал 5 ТВ туку сите медиуми, освен државната МИА и МРТ )...велам не не' пуштивте, затоа што полицијата не не' спречи - туку вашиот протокол, од понеделник ќе видиме кои лица ја спречиле нашата работа и ќе следува соодветен поднесок за насилно прекршување на уставно загарантирано право.

Нејсе, денес што не влеговме во Св. Спас - не влеговме, па претпоставувам не ќе можете да се видите на телевизија пошто немаме камера внатре - снимател без новинар е како младоженец без невеста на свадба.

Туку да ве замолам за една услуга - ајде на 2ри Август, кога ќе биде исто така настан од „мега голем ризик“, да „ни учините“ - да не' пуштите до Мечкин Камен, новинар и снимател ( а не како денес ), и таму да не сместите околу споменикот, да организирате едно 30 батки од некое приватно обезбедување ...за да не подберат и истепаат убаво сите медиумски екипи, да ни искршат и нозе и особено раце.

Не за друго - кога од Влада ќе пратите следен пат акредитација за некој настан, за да не ни текне да се пријавиме, башка со скршени раце не се пополнува акредитација, нели?

И уште една идеја - предлог. Дајте предлог да се смени името на земјава...да повторно, но и овојпат ќе може да се крати во С. Македонија - СМЕШНА МАКЕДОНИЈА.

*Текстот е козерија / фикција базиран на вистински случувања. Секоја сличност со одредени лица и настани е намерна!

Автор: Иван С. Мирчевски

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер