ОБСЕ на терен: Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Со повеќе од 300 набљудувачи од 25 држави ОБСЕ го следи изборниот процес на избор на парламентарен состав и за претседател на државата.

За утре во 15:00 часот е закажана прес-конференција на која ќе бидат објавени прелиминарните податоци за текот на изборниот процес.

Специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе им посака успех на гласачите.

-Ќе ги следиме изборите низ државата, во речиси сите голем град, но и во руралните средини. Прелиминарниот извештај ќе го имаме утре во 15:00 часот кога ќе одржиме прес-конференција. Се надеваме дека изборите ќе бидат мирни, дека ќе се одвиваат според стандардите на ОБСЕ и им посакуваме многу среќа и успех на граѓаните на Северна Македонија во иднина, вели тој.

 

08.05.2024 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега