Нема веќе дивоградби во Охрид – министерката за култура го објасни законот

Новата верзија на Законот за управување со Охридскиот Регион наскоро ќе биде готова. Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска – Стојчевска вели дека овие законски измени значително ќе помогнат во избегнување на потенцијална за светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

 „Се прави доста ригорозна селекција, односно скенирање на цел терен со помош на сите институции коишто имаат можност тоа да го направат, за да не се легализира ниту една дивоградба“, изјави министерката Костадиновска-Стојчевска за МРТ.

На прашањето околу последниот извештај на УНЕСКО, влијанието на невладниот сектор и прашањето на дивоградбите, како и задржувањето на статусот на Охридскиот Регион, министерката додаде дека од страна на институциите секогаш се упатува апел до општините да даваат поопсежни информации во однос на дивоградбите.

Костадиновска-Стојчевска објасни дека во предлог на новиот закон прецизно ќе се уреди и објасни темата со дивоградбите, за да не се добие впечаток дека ќе се пристапи кон нивна легализација.

Во однос на извештајот на Комитетот за светско наследство, и задржувањето на Охрид на листата на УНЕСКО, министерката за култура го изрази задоволството од позитивниот извештај за што, како што рече, придонес имаше и тоа што нашата држава е меѓу првите кои го преведоа Упатство за иматели на недвижни културни добра во Охридскиот регион – Светско наследство на УНЕСКО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот