logo
logo
logo

Железници ГО ДЕМАНТИРААТ БЕКТЕШИ: Министерот изнесе НЕВИСТИНИ

Vecer | 24.11.2022

Железници ГО ДЕМАНТИРААТ БЕКТЕШИ: Министерот изнесе НЕВИСТИНИ

Сакаме да дадеме демант поради објавена анализа за потрошувачка на електрична енергија со прилог табела од страна на Министерот за Економија Крешник Бектеши каде од податоците за Железници Транспорт АД – Скопје може да се увиди дека стоиме како најголем потрошувач на електрична енергија со најмалку заштеда се целосно невистинити, велат од ЖРМ Транспорт АД – Скопје.

Имено сакаме да Ве известиме дека согласно официјалните податоци од Одделението за енергетска ефикасност при ЖРМ Транспорт АД – Скопје за потрошена електрична енергија видно е дека: За ЕВН Хоме одржување на влечни и влечени средства и административни згради, споредбено за месец 09.2021 година потрошено е 65.171.50 KW, а за 09.2022 година потрошено е 57.227.40 KWсо што остварена е заштеда од -12.19%, информираат од ЖРМ Транспорт АД – Скопје.

Оттаму напоменуваат дека споредбено за месец 10.2021 година потрошено е 131.174.30 KW, а за 10.2022 година потрошено е 83.507.00 KW со што остварена е заштеда од -36.34%.

За ЕВН Хоме преку мрежата на МЕПСО за товарен и патнички сообраќај, споредбено за месец 09.2021 година потрошено е 1.166.220,00KWh, а за 09.2022 година потрошено е 1.060.020,00KWh со што остварена е заштеда од -9.10%. Исто така напоменуваме дека ЖРМ Транспорт АД – Скопје за месец 10.2021 година потрошено е 1.122.920,00KWh, а за 10.2022 година потрошено е 1.075.330,00KWh со што остварена е заштеда од -4.23%. Овие податоци официјално се потврдени од Владата од Извадок од нацрт Записникот на Владата на Сто и втората седница одржана на ден 15.11.2022 година број 41-10377/2 од каде може да се види дека Железници  е еден од најголемите заштедувачи на електрична енергија, стои во реакцијата од ЖРМ Транспорт АД – Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk