logo
logo
logo

Влада на Србија: Работната група договори имплементација на препораките на ОДИХР за изборите

Vecer | 04.03.2024

Влада на Србија: Работната група договори имплементација на препораките на ОДИХР за изборите

Владата на Србија соопшти дека Работната група за подобрување на изборните услови во Србија денеска детално ги разгледала сите препораки на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и дека „договорени се следните чекори со цел нивна имплементираат“, јави дописникот на МИА од Белград.

Во Конечниот извештај за декемвриските избори во Србија, ОДИХР даде 25 препораки за подобрување на изборниот процес.

Во соопштението на Владата на Србија пишува дека на состанокот на таа работна група на нејзина иницијатива присуствувала и премиерката Ана Брнабиќ, а имало и претставници на ОДИХР и на Делегацијата на ЕУ во Србија.

Брнабиќ им се заблагодарила на претставниците на ОДИХР за „институционалната соработка“ што трае од 2019 година и за „професионалниот пристап и извештај по изборите во декември 2023 година“ во Србија.

-Претставниците на ОДИХР ја поздравија подготвеноста на Владата на Србија да продолжи да работи на подобрување на изборните услови, за што сведочи оваа, прва во низата, средба на Работната група, само неколку дена по конечниот извештај на оваа институција“, се вели во соопштението.

Според нив, ова дополнително сведочи за тоа колкаво значење придава Владата на Србија на спроведувањето на препораките на ОДИХР, се наведува во соопштението.

Брнабиќ изрази уверување дека покрај досегашната работа на препораките, новиот состав на Владата на Србија ќе продолжи со конструктивна соработка за спроведување на препораките и за подобрување на изборниот процес.

-На средбата детално се разгледани сите препораки на ОДИХР и договорени се следните чекори за нивно спроведување, соопштија од Владата.

Како што беше најавено, работната група и во наредните денови ќе одржи состаноци „за да се имплементираат препораките на ОДИХР во најкус можен рок“./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk