• Мартин Танасковски
ФИФА официјално го круниса Винициус Жуниор за најдобар играч во светот, а дел од гласањето беа селекторите и капитените на сите репрезентации на ФИФА-листата во светот, како и по еден новинар.
Од Македонија, селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди не го погодија најдобриот играч на светот според ФИФА. На спротивната страна, пак, новинарот Мијалче Дургутов погоди кој ќе биде победник.
Гласовите на Благоја Милевски:
1. Дани Карвахал
2. Џуд Белингем
3. Родри
Гласовите на Енис Барди:
1. Родри
2. Винициус Жуниор
3. Ерлинг Халанд
Гласовите на Мијалче Дургутов:
1. Винициус Жуниор
2. Родри
3. Дани Карвахал
Винициус Жуниор заврши на првото место со 48 освоени поени, пред Родри од Шпанија со 43 поени. Третопласиран е Џуд Белингем со 37 поени, пред Дани Карвахал со 31 поен. Винициус доби 438 поени од тренерите, 617 поени од капитените и 538 поени од новинарите и победи доминантно со 1,147,276 поени, пред Родри со 264,835 поени.
Кога се работи за тренерите, гласовите беа следните:
Гласовите на Благоја Милевски:
1. Карло Анчелоти
2. Луис Де Ла Фуенте
3. Чаби Алонсо
Гласовите на Енис Барди:
1. Чаби Алонсо
2. Карло Анчелоти
3. Пеп Гвардиола
Гласовите на Мијалче Дургутов:
1. Карло Анчелоти
2. Луис Де Ла Фуенте
3. Чаби Алонсо
Кај дамите, за Македонија гласаа селекторот Александар Андов и капитенката Наташа Андонова. За најдобра фудбалерка избрана е Аитана Бонмати која ги победи Барбра Банда и Каролин Грахам Хансен.
Гласовите на Александар Андов:
1. Луси Бронз
2. Линдзи Хоран
3. Салма Парауељо
Гласовите на Наташа Андонова:
1. Каролин Грахам Хансен
2. Аитана Бонмати
3. Мариона Калдентеј
Гласовите на Мијалче Дургутов:
1. Аитана Бонмати
2. Она Бетл
3. Линдзи Хоран
За најдобар тренер во женска конкуренција избрана е Ема Хајс. Еве како гласаа нашите репрезенти.
Гласовите на Александар Андов:
1. Џонатан Гиралдез
2. Герет Тејлор
3. Ема Хајс
Гласовите на Наташа Андонова:
1. Џонатан Гиралдез
2. Ема Хајс
3. Елена Садику
Гласовите на Мијалче Дургутов:
1. Ема Хајс
2. Џонатан Гиралдез
3. Герет Тејлор
Интересно, за сите победници гласаше само новинарот Мијалче Дургутов.