За Нова алтернатива на Данела Арсовска гласале само 3.438 избирачи во цела држава

данела арсовска град скопје (4)
Данела Арсовска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Партијата на Нова алтернатива на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска освои само 3.438 избирачи во цела држава по обработени 99 отсто од гласачките ливчиња.

Во процента Нова алтернатива освои само 0,34% од вкупниот број на гласови. Во Изборна единица 1 каде што Арсовска беше носителка, за Нова алтернатива гласале 1.571 гласач. Во Изборна единица 2, каде влегуваат и скопските општини Ѓорче Петров и Сарај, а носител  Драги Митковски, партијата доби 1.109 гласови.

Нова Алтернатива имаше листи за пратеници и во третата и во четвртата Изборна единица каде освои 410 гласови односно 348 гласови.

 

ВО ЖИВО | Избори 2024 – вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот