Антонио Конте се враќа во Серија А, постигнат е договор со Наполи
Трофејниот италијански фудбалски стручњак Антонио Конте постигна договор со тимот на Наполи и од следната сезона од клупата ќе го води славниот италијански клуб, пренесуваат тамошните медиуми.
По освојувањето на шампионската титула минатата сезона, Наполи ги разочара своите навивачи. Сезонава играат под сите очекувања и првите луѓе на клубот од Неапол решија на лето да направат сериозни промени.
Конте наводно веќе постигнал договор со „наполитанците“ и ќе потпише тригодишен договор вреден 6,5 милиони евра по сезона.
Да потсетиме, италијанскиот тренер последен пат беше вработен на почетокот на 2023 година кога доби отказ од Тотенхем.
Наполи моментално го зазема дури осмото место на табелата во Серија А и веќе смени тројца тренери оваа сезона.
🚨 Antonio Conte has reached an agreement on a three-year contract to take over as Napoli manager.
(Source: Rai Sport) pic.twitter.com/XzYikwwvDJ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 27, 2024