logo
logo
logo

Германија гради фабрика за артилериски гранати во Литванија

Vecer | 17.04.2024

Германија гради фабрика за артилериски гранати во Литванија

Договорниот партнер на германското Министерство за одбрана и владата на балтичката земја-членка на ЕУ и НАТО потпишаа меморандум за разбирање во присуство на литванската премиерка Инфрида Шимонија, министерката за економија Аушрина Армонаита и министерот за одбрана Лауринас Кашчиунас. Деталите од договорот не беа откриени.

-Инвестицијата на Рајнметал ќе биде најголема во одбранбениот сектор и една од најголемите досега во историјата на Литванија, рече Армонаит.

-Тоа ќе и даде импулс на нашата индустрија, нашата економија и ќе ја зајакне безбедноста на регионот. Подготвени сме да продолжиме да работиме со таа компанија за оваа успешна приказна да се придвижи што поскоро“, додаде министерката.

Рајнметал во средината на март потврди дека планира да изгради фабрика за артилериски гранати во Литванија. Во иднина во таа балтичка држава постојано ќе биде стационирана оклопна бригада на германските вооружени сили. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk