Димитриеска Кочоска за ТВ 24: Ќе се менува моделот за дотаации до општините и за субвенционирање во земјоделството

Гордана Димитриеска Кочоска потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека нивната програма е направена да се води државата од почеток и тоа значи дека покрај економијата што е клучна, клучно е да функционира и правосудниот систем, зошто без него, нема да има економски резултати.

- Луѓето ни се на прво место. Ако претходно имавме концепт кој значеше постојано да се фаворизира финалната и јавна потрошувачка, се фокусираме на поддршка на инвестициите, сериозна борба со сивата економија и корупцијата и криминалот. Тоа се клучните точки од кои тргнавме кога ја правевме програмата. Сите страници од програмата се економија. Не може општини кои не успеваат да си ги наплатат даноците да сметаат на државните трансфери. Ќе се менува моделот за дотаации до општините и ќе се менува и моделот за субвенционирање во земјоделството, а даночната политика засега останува иста, рамен данок, без промена во данокот на личен доход. Доколку за следната година анализите покажат дека има фискален простор, можно е намалување на персоналецот. - рече Димитриеска Кочоска.