06 Мај, 2024
0.0248

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Објавено во: Економија 26 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Сопствениците на „Флекс кредит“, најголемото финансиско друштво за брзи кредити во Македонија, одлучиле да формираат и Агенција за наплата на долгови, или заостанати побарувања за клиенти од различни сектори - телекомуникациски сектор, банкарски сектор, комунални претпријатија и останати приватни компании.

Бугарската компанија MV Finance и Горан Арсов од Благоевград се основачи и на тукушто формираната „Национална агенција за наплата (НАН)“ за „собирање и наплата на сметки“. Тоа се истите сопственици кои за само четири години го етаблираа финансиското друштво „Флекс Кредит“ во најголемото во државата.

„Флекс Кредит“ минатата година остварил убедливо најголема добивка од сите финансиски друштва во земјата. Со приход од 950 милиони денари, направил добивка од дури 550 милиони денари (повеќе од 9 милиони евра). Добивката е во континуиран раст. Во 2021 била 100 милиони, а веќе една година подоцна во 2022 била 270 милиони (4,42 милиони евра).

Друштвото за две години го зголемил бројот на вработени од 78 во 2021 на 253 во 2023. Останува да се види дали мрежата од многубројни филијали и вработени ќе се користи и како ресурс за „Националната агенција за наплата (НАН)“,

„Флекс Крредит“ работи во четири европски држави и имаше над 2.000 вработени и преку 130 филијали. MV Finance е основано во Бугарија во 2013 за работа со делење заеми и од тогаш има формирано над 250 канцеларии во Бугарија, Романија, БИХ, Молдавија, Македонија и Шпанија.

Во Македонија најпознати агенции за наплата се „Колекта“, „ЕОС Матрикс“ и „Про Колект“ зад кои стои странски, пред се регионален капитал. Се почесто граѓаните кои се задолжуваат или не успеваат навреме да ги платата сметките, си имаат работа со нив. Од страна на должниците се почести се реакциите дека често добиваат суптилни закани и им се нарушува приватноста од овие оператори, а имаше и негативни коментари дека им се злоупотребуваат и личните податоци.

Од друга страна, како се влошувала наплатата, така растел бизнисот за наплата на долгови. Од 2019 до 2022 година, процентот на европски компании кои работат со надворешни даватели на услуги за поврат на ненаплатените побарувања се зголемил од 42 на 46 проценти. Една од пет компании стравува за својот опстанок поради тоа што клиентите доцнат или не ги плаќаат побарувањата. Ова го покажало истражувањето на меѓународната групација за наплата на побарувања EOS, „Европски платежни практики 2022“, во кое биле анкетирани 3.200 финансиски директори од 16 европски земји. 

Во Македонија голем број на компании имаат проблеми да ги наплатаат своите побарувања. Од минатата година граѓани се жалат дека не се применува Законот за облигациони односи од страна на извршителите, а се однесува за застареност на долгови кои траат над 10 години. Но, се жалат и правните лица и извршителите кои ги застапуваат нивните побарувања, по што следуваше и иницијатива до Уставен суд. Нивното толкување е дека може да се регулираат само каматите, но дека застареност на долговите не може да има. Измените на овој закон беа донесени на средината од минатата година.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?