Македонските ракометари вечерва го стартуваат мундијалскиот бараж против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство во 2025.

Дуелот е закажан со почеток во 20 часот по македонско време во салата Холин а Халси во која избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчера го одржаа официјалниот тренинг.

Реваншот е на програмата в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.

Домаќини на Светското првенство, 29 по ред, кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари идната година, ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка.