ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“
Објавено во: Македонија 26 Април, 2024
На 56 годишна возраст, почина професорот Александар Илиев, кој предаваше на Факултетот за драмски уметности во Софија.
Актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска, со емотивна објава на фејсбук се прости од својот професор.
„Не скрши на парчиња...
Оваа лоша вест не покоси сите..На сите не ни беше само професор, ментор...туку ни беше и татко! За сите студенти, кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца...Покрај тоа што беше одличен професор, беспрекорен педагог и масестрален актер во својата долга актерска кариера , ти не учеше и за животот, за континуираната работа на себе си, како и за постојаното одржување на менталната хигиена...Не можам да поверувам дека замина...Не, Великаните како тебе продолжуваат да работат и ствараат во некоја друга димензија...
Имав огромна чест што бев дел од една од твоите класи...
Вечен помен драг професоре Професор Д-р. АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ“, напиша таа на фесјбук.
Илиев е творец и режисер на пет театарски формации, меѓу кои мимичко студио „Алба“, театар „Полихимнија“ и „Театар на соништата“. Тој првпат влезе во Гинисовата книга на рекорди со 24-часовно нон-стоп мимичко шоу во 1992 година. Во 1994 година, тој го зголеми својот рекорд за еден час.
Автор е на 14 книги и публикации за ликовни студии и антропологија. Тој користел 21 јазик, вклучително и санскрит и некои древни азиски јазици. Совладувал 12 боречки вештини. Актерот Александар Илиев свиреше на над 40 музички инструменти.