Што се случува во организмот кога го консумирате овој по малку занемарен зеленчук? Многумина не знаат колку е моќен, дури и во неограничени количини

Точка

02/04/2024

21:16

11.532

Големина на фонт

а а а

Ротквиците се богати со растителни влакна, вода, етерични масла, витамини, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо... Ротквиците се многу здрав зеленчук и имаат многу малку калории.

Затоа пролетните салати со ротквици можат да се јадат во неограничени количини, дури и оние кои внимателно водат грижа за својата фигура. Каков ефект имаат ротквиците врз човечкото тело и како најдобро можат да се искористат здравствените придобивки, дознајте во продолжение.

Што се случува во телото кога јадеме ротквици?

- Зајакнување на имунолошкиот систем. Поради присуството на големо количество етерични масла, ротквиците ја подобруваат циркулацијата на крвта, па се корисни за настинки, вирусни заболувања и кашлица.

- Превенција на недостаток на витамини. Свежите ротквици се вистински извор на витамини кои на многумина им недостигаат на почетокот на пролетта. Тие кои редовно јадат ротквици и генерално имаат урамнотежена исхрана, не мора да се грижат за недостаток на витамини.


- Ви овозможува да го држите крвниот притисок под контрола. Содржината на витамини, калиум и магнезиум ги прави ротквиците корисни за зајакнување на крвните садови и намалување на крвниот притисок.

- Го нормализира функционирањето на гастроинтестиналниот тракт. Високата содржина на влакна и вода помагаат при функционирање на цревата и констипација.

- Ротквиците се добри за нервниот систем. Витамините Б го нормализираат функционирањето на мозокот и периферниот нервен систем.

Ротквици за губење на тежината

Ротквиците имаат многу малку калории. Ваквиот зеленчук се нарекува дури и производи со „негативна“ содржина на калории (салати, целер, брокула). Тоа значи дека калориската содржина на храната е толку ниска што телото може да потроши повеќе енергија за варење отколку што добива. Покрај тоа, ротквиците содржат многу вода и влакна, а оваа комбинација ви овозможува да го нормализирате варењето и да се ослободите од вишокот течности во телото. Свежата ротквица може да се јаде во било кое доба од денот, на пример, во комбинација со друг зеленчук, во облик на салата.


Со што е најдобро да ги комбинирате ротквиците?

Ротквиците се една од ретките намирници што може да се комбинираат со речиси сè друго. Јадете ротквици со кој било свеж зеленчук, со протеинска храна (месо, риба, јајца) и храна која содржи јаглехидрати (компир, житарки). За да добиете најмногу хранливи материи, тогаш треба ги консумирате ротквиците сирови. Меѓутоа, во некои ресторани се користат и во термички обработена форма - и тоа е вкусно и здраво.


Дали ротквиците имаат штетни ефекти по здравјето?

Единствениот недостаток на овој зеленчук е неговата способност да ја иритира слузокожата. Ротквиците можат да го имаат овој ефект поради високата содржина на етерични масла. Од една страна, тие се многу корисни, а од друга страна, во некои случаи можат да предизвикаат проблеми во процесот на варење на храната. Затоа, препорачливо е да се следи како телото реагира на овој зеленчук. Многу експерти велат дека треба да се исклучат од исхраната во случај на влошување на болести на црниот дроб, панкреасот и гастроинтестиналниот тракт. Покрај тоа, ротквицата може да предизвика непријатност во дигестивниот систем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг