Свет

Кина: Пораст на малопродажбата за 4,7%

19 апр 2024

Според Националното биро за статистика,  во првиот квартал од годинава во Кина е остварен пораст на малопродажбата за 4,7 отсто, во однос на истиот период од претходната година.

 Малопродажбата во урбаните средини во овој период од годинава имала пораст од 4,6%, додека во руралните средини растот бил 5,2%.

Значителен пораст бил забележан во секторот   - трговија, каде што на годишно ниво малопродажбата пораснала за 12,4 осто.

Потрошувачките цени во март во Кина пораснале за 0,1% на годишно ниво и 0,7% во однос на еден месец претходно.

Од друга страна, производствените цени во март паднале за 0,1% на месечно ниво и 2,8% на годишно ниво, продолжувајќи го трендот на опаѓање за период од година и половина.

 

Извор: Fibre2Fashion

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...