logo
logo
logo

Момче и девојка сакале да снимат нешто смешно, па горко се покајале-завршиле во болница (ВИДЕО)

Vecer | 25.03.2025

Момче и девојка сакале да снимат нешто смешно, па горко се покајале-завршиле во болница (ВИДЕО)

Тој се појавил во болница во придружба на девојка, чија тупаница му била заглавена во устата! Да немаше снимка, веројатно немаше да поверувате.

Лицето почна да му поцрвенува.

Како што им објасниле на шокираните лекари, тие се обиделе да снимат смешно видео, не сфаќајќи каков проблем ќе предизвика тоа. Девојката успеала да му ја пикне тупаницата во уста, но кога се обидела да ја извади - мускулите на вилицата му се закочиле!

Тие неуспешно се обиделе да се извлечат од проблемот, а на крајот побарале лекарска помош, пренесува Oddity Central.

Девојката објаснила дека лицето на младиот човек почнало да поцрвенува, а забите поцврсто ја стегале за зглобот, па сериозно се загрижила.

Лесна музика и алатки

„Плунка ми течеше по раката, се чувствував како да сум заглавена во мелница за месо“, рече таа.

Докторот Џанг Мингјујан, кој го водел случајот, изјавил дека раката на девојката се заглавила бидејќи мускулите на вилицата му се собирале, што го спречило да ја отвори устата.

За да го реши проблемот, прво ја смирил пациентката со амбиентална музика, а потоа со специјална медицинска алатка ја отворил вилицата, доволно за девојката да ја извади раката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk