Свет

САД: „Дијаџио“ доби 75 милиони долари за декарбонизација

02 апр 2024

 Американскиото министерство за енергетика додели 75 милиони долари за декарбонизација на две фабрики на „Дијаџио“ во САД

 Овие финасии компанијата ќе ги насочи за поставување на топлински батерии во своите производни објекти во Шелбвил и Плејнфилд, со цел двете фабрики да бидат јаглено – неутрални до 2026 и 2028 година.

Со тоа, „Дијаџио“ ќе обезбеди евтина енергија без емисии на јаглерод намалувајќи го користењето на природниот гас и елиминирајќи 17.000 тони емисија на јаглеродн годишно.

 Оваа инвестиција на министерството за енергетика означива пресврт во нашата оператива во САД и ни дава можност да вградиме иновативни технологии во нашето производство со што ќе ја направиме нашата работа ефикасна, отпорна и одржлива, изјавила Марша Мекинтош – Хамилтон, претседателка за снабдување на „Дијаџио“ – САД.

 Компанијата очекува проектот да создаде 144 нови работни места.

 

 

Извор: FoodBev

Фото: „Дијаџио“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...