ЕСМ: СДСМ ја злоупотребува одлуката на РКЕ за дневен популизам

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2025
Oд АД ЕСМ велат дека СДСМ ја злоупотребува одлуката на РКЕ за дневен популизам.
Оттаму велат дека СДСМ лицемерно ги коментира барањата за корекција на максимален приход и цена на Друштвата за производство и дистрибуција на топлина, формирани од АД ЕСМ, кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија.
„Опозицијата треба да знае дека компаниите треба да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Имено, согласно подзаконскиот акт кој го регулира максималниот приход и цена, вршителите на дејност имаат обврска да достават Барања до Регулаторната комисија за енергетика доколку настанат значителни промени на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија. СДСМ ако е одговорна партија како што се претставува и се грижи за граѓаните, исто така треба да знае дека во тек на тековната грејна сезона зголемена е цената на природниот гас, енергент што претставува основно погонско гориво за производство на топлинска енергија, поради што се доставени барањата до РКЕ. Согласно тоа, компаниите поднесоа барања до Регулаторната комисија за енергетика за корекција на регулираниот максимален приход и цена за тековната година бидејќи е настаната значителна промена на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија, односно зголемена е цената на природен гас во тек на грејната сезона. Опозицијата кога веќе го спомнува АД ЕСМ и Друштвата за топлинска енергија, треба да се потсети дека токму СДСМ во соработка со нивните поранешни коалициони партнери, трите Друштва за производство, дистрибуција и снабдување со топлина ги оставија со милионски долгови по разни основи“, велат од ЕСМ.
И на крај независно од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за корекција на регулираниот максимален приход и цената, велат дека опозицијата треба да знае дека топлинската енергија останува најеколошки и најекономичен начин на загревање споредено со другите начини на греење.
Можеби ќе ве интересира
НАЈДОЛГИОТ НАФТОВОД ЌЕ ГО ГРАДИ ОВАА ЗЕМЈА: „Ова ќе го промени начинот на снабдување“

ЕВЕ ШТО СЕ КРИЕ ЗАД РАЗГОВОРИТЕ НА ТРАМП СО ПУТИН: Само бизнис, што и не е толку лошо

„Ресурсите под контрола, компаниите во развој – Божиновска во посета на лиценцираниот експлоататор ИГМ Вратница“

СЕГА СЕ ЧЕШЛААТ АПТЕКИ, ТОБАКО-ТРАФИКИ И ПОДАВНИЧКИ: Ристески со важни информации

БАНКАТА ПО ГРЕШКА МУ УПЛАТИЛА 81 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: А требала само 280 долари

„НАВИКНЕТЕ СЕ НА ВИСОКИТЕ ЦЕНИ“: Нов скок на цените на храната, шок за Германците

ДОЈДОА ТЕМНИТЕ ДЕНОВИ НА АУДИ: Ја затвораат цела фабрика во Брисел, сите 3.000 работници останаа без работа

КРАЈ НА ЕДНО УБАВО ВРЕМЕ: Мајкрософт ќе го затвори Skype во мај

ВЛАДАТА СЕ ПОФАЛИ: Странските директни инвестиции лани достигнаа 8,1 отсто од БДП
