Како да ви трае лебот подолго? Евтин трик да не фати мувла

Точка

08/04/2024

20:02

13.205

Големина на фонт

а а а

Утрото сте купиле леб, сте изеле половина, и другата половина ви стои неколку денови. Неминовно е дека лебот ќе „остари“ и можеби фати мувла. Како да ја продолжиме свежината на лебот?

Инфлуенсерката Софи Хинчлиф која проучува и споделува трикови за по дома откри дека овој едноставен трик како да не ви фаќа лебот мувла. Потребно ќе ви биде само една намирница, поточно зеленчук.


„Како да би го продолжила животниот век на лебот јас користам целер. Така лебот повеќе не се суши и не фаќа мувла“ објасни Софи, потоа го раскажа детално процесот.

Во своето вирално видео, инфлуенсерката покажува како става неколку гранчиња целер во вреќа за леб. Нутриционистите обично препорачуваат лебот да се чува на собна температура во платнена кеса, крпа или во кутија за леб. На собна температура ја губи свежината за 2-3 дена.





Спонзорирани линкови

Маркетинг