Цените во Грција во 2024 година го следат трендот во Европа и, како и во сите други земји, и оваа година се нешто повисоки од претходните години.
Она што треба да се има на ум е дека цените на храната, намирниците и различните производи и услуги варираат од место до место, од остров до остров. Додека една топка сладолед во едно од северните грчки одморалишта може да чини само 1,50 евра, на Миконос може да биде многукратно поскапа.
Факт е дека цените на грчките острови се генерално малку повисоки, пишува „Грчка инфо“ Во споредба со Србија, некои намирници во Грција се поевтини, а други поскапи. На пример, овошјето и зеленчукот често се поевтини во Грција, додека млечните производи и месото се поскапи.
Овој ценовник е наменет само да ви помогне да буџетирате и да ви даде идеја за тоа колку пари ќе ви требаат за храна и други работи што може да ги купите во Грција.
Што се однесува до цените на основните прехранбени производи, засега состојбата е следна:
<b>Леб од 1,10 до 1,90 евра,</b>
<b>Литар млеко од 1,12 до 2,80 евра,</b>
<b>Јајца, пакување од 12 парчиња до 3,50 евра,</b>
<b>Сончогледово масло до 2,60 евра,</b>
<b>Маслиново масло 1 литар 13,18 евра,</b>
<b>Фета сирење помеѓу 5,50 и 12,90 евра</b>
Кога станува збор за цените на зеленчукот, доматите годинава се 2,10 евра, краставиците од 0,50 до 1,60 евра, додека килограм пиперки е околу 3,80 евра за килограм, пишува „Грчка инфо“.
Цените на овошјето во претсезона се слични со ланските, па за пакување јагоди потребно е да се издвојат меѓу 2 и 5 евра, за килограм лубеница дури до два, додека килограм портокали е помеѓу 0, 70 и 2 евра. Праските чинат од 1,80 до 2,50 евра, а кајсиите од 2,60 до 3 евра.
Омилената храна на туристите во Грција - гирото и понатаму е на исто ниво како лани, а гиро пита чини меѓу 3 и 4,50 евра, додека порција чини од 7 до 10 евра.
За пица, во зависност од големината, ќе треба да потрошите помеѓу 6 и 12 евра, додека скарата е нешто поскапа и за неа треба да издвоите 14 евра. Доколку сакате да испиете половина литар пиво, тоа задоволство ќе ве чини и до пет евра, а виното, во зависност од производителот и количината, чини меѓу 2,50 и 22 евра.
За фрапе ќе биде потребно да одвоите помеѓу 3 и 4 евра, слично како и за капучино. Домашното кафе, „грчкото“ чини и до три евра, а ако сакате да го засладите на крајот, топка сладолед ќе ве чини од 1 до 3 евра. Сите овие цени, сепак, треба да се земат со резерва, бидејќи сезоната сè уште не е започната, па може да се очекуваат можеби и повисоки цени.