Малата Натали е хит на ТикТок со нејзиното маче – заедно јадат, спијат и си играат (видео)

Животните и децата имаат нераскинлива врска, а доказ за тоа се Натали и нејзиното маче. Тие се пример зошто децата треба да растат со домашно милениче.

kako-vistinski-drugarki-natali-i-nejzinoto-mache-se-nerazdelni-i-se-pravat-zaedno-01.jpg

Домашните миленичиња освен што пружаат многу љубов, во исто време се и голема одговорност.

Љубителите на мачки знаат колку тие умеат да бидат мили и колку можат да бидат приврзани за нивните сопственици, особено ако биле вдомени кога биле многу млади и живееле запоставени на улица.

Тоа го докажува и примерот на девојчето Натали Фава од Америка и нејзината мачка.

Бруна Фава, мајката на малата Натали, постојано споделува слатки видеа од својата ќерка и нивната мачка на социјалните мрежи. 

Едно од видеата стана вирално на ТикТок и собра околу 3 милиони лајкови.

На снимката е прикажано како Натали и мачето уживаат во секојдневните активности заедно.

Заедно појадуваат на маса, спијат заедно, се прегрнуваат, си играат...

@brufava

the cat distribution system theory is true and I can confirm it!

♬ what was I made for? - Instrumental - Wheeler

Интересно е што мачето не само што ја сака Натали, туку и ја имитира.

Натали го споделува секој оброк со својата пријателка мачка, а таа пак се однесува исто како малото девојче.

На едно од видеата се гледа како Натали го шета своето маче низ дома како бебе.

Мачката ужива во третманот кој го добива и ја покажува својата благодарност со тоа што е внимателна и грижлива кон малото девојче во секој момент.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg