Убиецот на малата Данка реши да проговори?! „Дајте ми поблага казна и ќе ви кажам каде татко ми го закопа телото“

Дејан Драгијевиќ од неодамна почна чудно да се однесува во притвор.

Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на малата Данка Илиќ, моментално се во притвор во Заечар.

Иако биле сместени во посебни ќелии за да се спречи меѓусебната комуникација, според извор од истрагата, со текот на времето станувале сè позборливи.

Наводно, тие дури почнале да се шегуваат и да се смеат со останатите затвореници.

– Драгијевиќ призна дека ја задавил девојката, а Јанковиќ кој го управувал службениот автомобил на „Водовод“ се бранел молчејќи. За да не можеле да се договорат и да ја испланираат својата одбрана, по апсењето биле сместени во различни ќелии. Отпрвин молчеа и не разговараа со никого, но како што одминуваше времето стануваа сè позборливи, дури почнаа да се шегуваат и да се смеат со другите затвореници. Се однесуваат како ништо да не се случило – изјави извор од истрагата.

Но, како што дознава порталот „Република“, Дејан Драгијевиќ решил да открие каде го закопал телото на девојчето неговиот татко заради полесна казна за монструозниот чин.

– Дај ми полесна казна и ќе ти кажам каде татко ми го закопал телото на Данка! – им рекол на инспекторите.

Да потсетиме, него му се „смее“ доживотна казна, па не е чудно што на секој начин се обидува да ја ублажи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното