Два хеликоптери на јапонската морнарица се урнаа во Пацификот

Photo by Donavan K. Patubo

Два хеликоптери на јапонските поморски сили за самоодбрана исчезнаа од радарите додека вршеа обука на приближно 280 километри источно од Торишима на островите Изу.

Во непосредна близина беа пронајдени снимачите на летови, што го натера Министерството за одбрана да заклучи дека двата хеликоптери се урнати.

Постојат сомнежи за судар во воздух.

Во двата хеликоптери имало вкупно осум лица. Едно однив сепак успеало да се спаси.

Силите за самоодбрана, со поддршка од 12 пловни објекти, седум авиони, хеликоптери и авиони, како и помош од Јапонската крајбрежна стража, ја продолжуваат потрагата по преостанатите седум исчезнати лица.

Според Министерството, во 22:38 часот на 20ти месецов изгубен е контакт со еден хеликоптер од воздухопловната база Омура во префектурата Нагасаки, по што следел итен сигнал во 22:39 часот.

Потоа, во 23:04 часот, бил изгубен контакт и со друг хеликоптер од воздухопловната база Комацушима во префектурата Токушима.

За време на пребарувањата во близина на местото на инцидентот, откриени и пронајдени се фрагменти од двата хеликоптери, вклучително и перките на роторот.

Секој од двата хеликоптери носел екипаж од четворица, вклучувајќи пилоти и авијациски офицери одговорни за радарски и сонарни операции.

Обуката вклучувала ноќна противподморничка воена вежба со користење сонар за откривање подморници.

Пријавено е дека освен пловни објекти и авиони на поморските сили за самоодбрана, немало други субјекти присутни во околината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот