Ванковска: Ако Таче и Мицко се титани, тогаш да не ви кажувам на кое дереџе сме паднати

Ако „судир на политички Титани (џинови)“ треба да биде оној меѓу Таче и Мицко – не треба да ви кажувам до кое дереџе сме паднати. И тоа токму пред почетокот на претседателската изборна кампања, што е фактички фаворизирање на црно-белиот свет на наводно незаменливите Курто и Мурто (без оглед како се викаат во лилно својство, мислам на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ), вели Билјана Ванковска.

– Тоа треба однапред да создаде фама и лажна претстава дека ќе морате да се стрвите и навивате на луѓе кои ни оддалеку не се врвот во политичката понуда. Тоа е најава на очекуваниот дуел на бр. 1 и бр. 2 од претседателската трка.

Сепак, кандидатката на Левица на претседателските избори, вели дека е подготвена да им замрси сметките на големите партии.

-Ама ќе им ги замрсиме конците со ум, елоквенција, кажување вистина, директно во лице, без фемкање и високоучени или празни политички фрази. И со срце и подготвеност да преземеме и жртва и одговорност – за МАКЕДОНИЈА!

-Ние не сме народ или смачкано племе сведено на овие два лика.

-Синоќа зборував за политички плурализам – кој подразбира не ДВЕ политички опции, или два ЕТНИЧКИ блока, туку МНОШТВО на идеологии, понуди, ставови и визии за Македонија. Дури тогаш ќе имате ВИСТИНСКИ ИЗБОР. Ова што ви го нудат е карикатура и подбивање со демократијата.

П.С. Нека ми се лутат колку сакаат!