Барди се раздели со Трабзонсор, останува во Турција или се враќа во Шпанија!

Енис Барди е слободен фудбалер, барем така тврдат неколку медиуми од Турција. Наводно, нашиот фудбалски репрезентативец го раскинал договорот со Трабзонсор и уште во јануари како слободен агент ќе може да потпише со нов клуб.

За неговите услуги има интерес од неколку екипи од Турција, но и од Шпанија. Доколку Барди се реши да не менува земја, тогаш најверојатно ќе се пресели во Истанбул Башакшехир и Ејупспор, а доколку сака враќање во Шпанија за него заинтересирани се Еспањол и Рајо Ваљекано.

29-годишниот играч за врска одлично ја познава Примера, затоа што во дресот на Леванте ги мина своите најдобри фудбалски денови. Најавите велат дека Ејупспор е најблизу до реализација на трансферот и во следните денови ќе бидат познати повеќе информации.

Оваа сезона Барди за Трабзон одигра само тринаесет натпревари и забележа една асистенција. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.