ФОТО | „Ужасно, ова е толку несоодветно“: Руска манекенка доби критики за разголениот фустан на Канскиот филмски фестивал

Фото: Инстаграм/Наташа Поли

Руската манекенка Наташа Поли (38) присуствуваше на премиерата на филмот „Емилија Перез“ („Emilia Perez“), во рамки на 77. издание на Канскиот филмски фестивал.

Таа го привлече вниманието со својот моден избор – целосно проѕирен фустан, дело на модната куќа „Муглер“. Изгледот го комплетираше со нагласена шминка и излижана коса, накит од „Картие“ и црни потпетици.

Фото: Инстаграм/Наташа Поли

Таа на социјалните мрежи се пофали со својот стајлинг, но наиде на бројни критики од нејзините следбеници.

„Очекував поголема елеганција од Наташа“, „Зошто луѓето носат сè помалку облека? Ви ги гледаме интимните делови“, „Што е ова? Извинете, но ова е ужасно“, гласат дел од коментарите.

Фото: Инстаграм/Наташа Поли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот