Левица: Нека е честит денот на националната сувереност на Р. Турција

23-ти април, се слави како прв национален празник на Република Турција, како датум кој го обележува формирањето на Парламентот на Република Турција во 1921 година токму на 23 април.

23-ти април за турскиот народ означува почеток на една нова ера, со воспоставувањето на Републиката од страна на еден од најголемите револуционери на 20тиот век, Мустафа Кемал Ататурк, почнува и националната историја на Турција како пресвртница во историјата на турскиот народ.

Празникот се слави и како ден на детето, а се одбележува со посети на државни институции од страна на децата и промоција на секуларизмот како најголема вредност на турската република.

По тој повод, делегација на Левица, предводена од членовите на Президиумот на партијата, Реџеп Исмаил-Хактан и Александар Симонов, како и советничката на Левица во општина Ѓорче Петров, Дарја Мустафаоглу и модераторот на ЛО Велес на Левица и советник во општина Велес, Димитар Абрашев, оддадоа почит пред споменикот на Мустафа Кемал Ататурк во Велес.