ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ицковски: Цела година за подготовка на Мајски оперски вечери

Орце Ицковски

Сцената на Националната опера и балет вечерва, на 9 мај, Светскиот ден на операта, ќе блесне во раскошот на 52. Мајски оперски вечери. Меѓународната македонска манифестација низ годините ја овозможува шансата на нашата публика да ужива во престижни опери и да се сретне со звучни светски имиња од класичната музичка сцена.

Раководството на НОБ цела година се подготвува за да ја одбере најдобрата програма за публиката, вели за „Слободен печат“ Орце Ицковски, уметнички раководител на НОБ.

– Сакавме да го вратиме сјајот на оваа манифестација, фестивал кој негува долгогодишна традиција, фестивал кој е еден до најголемите во регионот. Навистина е огромно задоволство, но и одговорност да се негува едen настан кој има голема тежина, да се негува нивото. Бројката 52 значи многу. Целиот тим кој работеше околу организацијата вложи многу напор, работевме околу една година со цел нашите скромни услови да донесеме една светска слика на сцената. Имавме големи желби и апетити кои успеваме да ги реализираме. Сигурен сум дека публиката ќе биде воодушевена од тоа што ќе го видат вечерва на отворањето, но и во текот на целиот фестивал – рече Ицковски.

Звуците на „Трубадур“ ќе го означат почетокот на Mајските оперски вечери. Билети за премиерата нема, но закажана е реприза на 11 мај.

Оваа година како еден ексклузивен настан ќе биде и изведбата на операта „Валкира“ на Вагнер тоа значи прва изведба на вагнеровото дело на нашата сцена.

– Операта „Валкира“ ни претставува огромен предизвик бидејќи се работи за едно моќно музичко дело. Целиот музички перформанс трае преку пет часа, тоа ќе биде интересно искуство и за нашата публика бидејќи досега не се случило да имаме таков настан. Оваа опера ќе биде изведена на 18 мај – додава Ицковски.

И оваа година бројни гости од странство ќе бидат дел од Мајските оперски вечери.

– На отворањето имаме диригент од Италија, потоа на претставата „Заспаната убавица“ имаме и диригент од Египет, солистите се од Бугарија. Имаме гости од Франција, Германија, нешто што сакам да истакнам дека на 28 мај експериментално вклучуваме едно настан, тоа е камерна опера, акапела, гости ќе ни биде Камерниот театар од Словенија. Имаме солисти и од Канада, Чиле, Кина, навистина ќе биде интересно – вели нашиот соговорник.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ицковски: Цела година за подготовка на Мајски оперски вечери

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот