Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен
Објавено во: Свет 29 Март, 2024
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Киев е бесмислен, бидејќи се заснова на неприфатливата идеја за повлекување на руските сили од окупираните територии во Украина.
Предложениот мировен самит нема да биде успешен доколку не се променат неговите основи, вклучително и можноста Русија да учествува на него, рече Лавров.
Подготвени сме да разговараме, но не врз основа на „мировната формула“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Како може некој сериозен политичар во Вашингтон, Брисел, Лондон, Париз или Берлин да тврди дека нема алтернатива за формулата на Зеленски, изјави Лавров за „Известија“.
Лавров ја отфрли можноста за повлекување на руските сили од територијата на Украина и преземањето на одговорноста на Москва за агресијата што започна во февруари 2022 година.
Според Лавров, швајцарските дипломати го информирале дека мировниот самит што ќе се одржи во Берн ќе вклучи учество на Русија, пренесува Ројтерс.
Лавров изјави дека швајцарските власти му рекле - „јасно ни е дека ништо не може да се реши без Русија“ и дека Русија ќе биде поканета кога мировниот план ќе стане „колективен производ“.