ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.10.2022
Лионел Меси го загадува воздухот колку што просечен човек ќе го загади за 150 години
Автор: Goce Author

Француските медиуми објавија дека приватниот авион на Лионел Меси извршил 52 лета во последните три месеци, предизвикувајќи ослободување на јаглерод диоксид еквивалентно на количината на воздушни патувања што просечниот човек го прави во текот на 150 години. Меси за своите патувања користи луксузен авион вреден 15 милиони евра, а често го позајмува на семејството и пријателите.  Сепак, угледниот L’Equipe го обвини дека дополнително го загадува воздухот на овој начин и пресметале дека неговиот авион за само три месеци испушта CO2 (јаглерод диоксид) колку што просечниот човек би имал за 150 години патување со авион.

Фото: Инстаграм

Французите тврдат дека Меси од 1 јуни до 31 август направил 52 патувања низ светот. Авионот нуди низа неверојатни карактеристики, вклучувајќи кујна и две бањи, а има капацитет за 16 луѓе. Столовите можат да се преклопат и да се претворат во осум кревети, а на скалите се испишани имињата на Меси и неговото семејство – сопругата Антонела и синовите Тиаго, Чиро и Матео, додека бројот 10, кој Меси го носел најчесто во текот на кариерата го носи на опашката на авионот.

Дали теретаните се добри за младите?
Драган Дончески од случаен пикник до Извидник на годината за 2024