Рубрика: Омнибус
На кафе на ФЕИТ? А зошто да не!
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 04.05.2023 - 15:30

Оваа сабота, 6 мај, од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Факултетското студентско собрание при ФЕИТ ги покануваат сите средношколци, но и сегашни студенти, на дружење во дворот на техничкиот кампус и запознавање со можностите што ги нуди и отвора студирањето на овој факултет.

Настанот Coffee@FEIT 3.0, што ќе се одржи во дворот на ФЕИТ почнувајќи од 12 часот, се организира со основна цел на запознавање со студиските програми на Факултетот за идните студенти, но е добар повод за дружба и потсетување и на студентските денови и на постарите студенти.

Во програмата за дружбата е предвидено: музика, кафе и храна, Board games ft. Goblin Games, игри, EscapeLab тимски натпревар за средношколци.

Од ФЕИТ ве очекуваат на дружба...

Клучни зборови: