Лина Ѓорческа без финале на турнирот во двојки во Копер

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Денеска во полуфиналето на турнирот во словенечкиот град Копер најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа претрпе пораз во дубл натпреварувањето.

Ѓорческа заедно со Андрееа Миту од Романија со резултат 2:1 во сетови загубија од првите носителки Вероника Ерјавец (Словенија) и Доминика Салкова (Чешка).

Во првиот сет доминираа Ерјавец и Салкова, поведоа со 4:0 и до крајот само рутински и убедливо славеа со 6:2.

Возвратија Ѓорческа и Миту со израмнување откако беа подобри во вториот сет со 7:6, во тај-брејкот триумфираа со 7:4.

Во третиот решавачки сет Ерјавец и Салкова ја оправдаа фаворитската улога и победија со 10:7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот