Беса 1976 на чекор до елитата, 10 гола на мечот Тетекс – Арсими
Денеска се одиграа натпреварите од 26 коло во Втората македонска фудбалска (2МФЛ), во дербито Беса 1976 ремизираше без голови (0:0) против Пелистер.
На фудбалерите на Беса 1976 им е потребен само уште еден бод во следните четири кола и официјално бидат промовирани како учесници во Првата лига следната сезона.
Пелистер останува на втората позиција со 61 бод, сега шест повеќе од третопласираниот тим на Детонит Плачковица кој триумфираше на гости кај Новаци (1:0).
На дуелот Тетекс – Арсими се постигнаа дури 10 гола, на крајот триумфираа гостите со 6:4.
Во останатите натпревари: Башкими – Скопје 0:0, Беласица – Кожуф Гевгелија 2:0, Охрид – Саса 1:1, Осогово – Караорман 2:1 и Победа – Вардар Неготино 1:1.
Табела: Беса 1976 67 бодови, Пелистер 61, Детонит Плачковица 55, Арсими 44, Охрид 39, Скопје 39, Башкими 38, Вардар Неготино 35, Беласица 34, Кожуф Гевгелија 34, Новаци 28, Победа 27, Тетекс 24, Осогово 23, Саса 19, Караорман 15.