Повредени мотоциклисти во сообраќајки на македонските патишта

Во СВР Тетово вчера било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај с.Доброште се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од с.Голема Речица, и моторцикл „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ќ.П.(50) од с.Доброште.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско- Прилеп мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(58) од с.Дуње, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската болница-Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Вчера утро во 08.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ Б.Л.(33) од Велес управувајќи мопед „пиаџо“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Л., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Попладнето околу 17.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во месноста „Зајашки рид“, атар на кичевското село Зајас, четирицикл што го управувала Љ.С., а на кој се превезувал А.С.(30), двајцата од истото село, излетал од патот.

Притоа, Љ.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот