Амирабдолахиан: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан/Фото: EPA-EFE/ISSEI KATO / POOL

Санкциите на Европската унија се за жалење, изјави денеска шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амирабдолахиан.

Санкциите, за кои беше постигнат принципиелен договор минатата недела, треба да му бидат наметнати на Техеран по нападот на Иран врз Израел, пренесуваат британските медиуми.

Амирабдолахиан во објава на платформата Х напиша дека е „за жалење“ тоа што ЕУ толку брзо одлучува да спроведе уште по „незаконски рестриктивни мерки против Иран“, само затоа што Иран го искористи своето право за самоодбрана, по, како што наведе, „непромислената израелска агресија“, пренесуваат британските медиуми.

На 13 април Иран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, соопштувајќи дека тоа е одмазда за израелското бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа 13 лица.

Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера начелно се согласија да ги прошират санкциите кон Иран и да ги прошират рестриктивните мерки против извозот на оружје, беспилотни летала или ракети од Техеран за сојузниците на Иран и Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот