• Зоран Мишевски

Серијата порази на Партизан во Евролигата конечно заврши. Избраниците на тренерот Жељко Обрадовиќ ја совладаа Алба Берлин во белградската „Штарк арена“ со 85-71 во рамките на 31. коло од Евролигата. „Црно-белите“ сега имаат скор 16-15 и се враќаат во трката за плеј-офот, додека Алба е последна со учинок 5-26.
Брендон Дејвис беше најефикасен кај Партизан со 22 поени, го следеше Карлик Џонс со 15 поени, девет асистенции и три скока и Исак Бонга со 14 поени и пет скока. Најефикасни кај гостите беа Томас со 16 и Вецел со 12 поени.
Барселона драматично загуби од Баерн Минхен со 101-102. Србинот Лучиќ ги постигна клучните поени за Баерн од линијата за слободни фрлања, а Пантер не успеа да погоди тројка за победи на Каталонците.
Монако дури по продолжение од пет минути го „скрши“ Жалгирис (96-86). Џејмс со 22 и Окобо со 21 поен беа најефикасни во победничкиот ти на Василис Спанулис.
Олимпијакос неочекувано загуби на гостувањето кај Асвел со 81-70. Везенков и Фурние постигнаа по 25 поени за Олимпијакос, но Маледон со 23 и Нандо де Коло со 18 поени донесоа победа за францускиот тим.