Изложба: 3 генерации Ташковски

На 11 април четврток со почеток од 19 часот во МАНУ ќе се отвори изложбата Три генерации Ташковски со делата на Ристо Ристовски, Васко Ташковски и Лара Ташковска.

Лара е трета генерација ликовни уметници во семејството Ташковски. Таа е ќерка на академикот Васко Ташковски, а нејзиниот дедо Ристо Ристовски, во своите зрели години се посветил на наивното сликарство. Ташковска има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство.