Свет

Белгија: „Мај прајс“ продолжува да ја шири продажната мрежа

05 апр 2024

Трговскиот синџир „Мај прајс“ продолжува да ја шири својата продажна мрежа во Белгија и  на 12 април ќе ја отворија својата четврта продавница во во Антверпен.

За овој месец се планира отворање и на петта продавница во Бетрикс, а компанијата е во потрага по погодна локација, пренесува „Ритејл детаил“.

Иако е во руска сопственост, трговскиот синџир не е загрижен поради санкциите, на првиот флаер кој го објави не се споменуваат руски производи, но во него има латвиски лосос, литвански колбаси и полско сончогледово масло.

 Откако отвори продавници Опвијк и Бум, се чини дека „Мај прајс“ оди подалеку од својот претходник „Мере“, но засега не се откриваат повеќе детали за планираното проширување на малопродажната мрежа на трговскиот синџир.

 

 

 

 

 

Извор: Retail Detail

Фото:  „Мај прајс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...