271 „жртва“ на полицискиот радар

полициска контрола радар фото миа

Полицијата во текот на вчерашниот ден санкционира 271 возач кои се движеле со брзина поголема од пропишаната.

Како што информираат од МВР, од нив 19 управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возали со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 78 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 193 надвор од населено место.

Како што најавуваат од МВР, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот