Линкови за пристапност

Само правда ми треба: Граѓаните кажаа што очекуваат од победниците на изборите


Во правната сфера треба многу работи да се сменат. Сите да го почитуваат законот, вели граѓанин од централното подрачје на Скопје
Во правната сфера треба многу работи да се сменат. Сите да го почитуваат законот, вели граѓанин од централното подрачје на Скопје

Кој и да победи, очекувам само правда. Ништо повеќе не ми треба, само правда, рече еден од граѓаните во Скопје во рамките на кусата анкета што ја спроведовме во текот на денешниот изборен ден.

Функционирање на правниот систем, здрава економија, како и подобрување на сите аспекти од општествениот живот очекуваат граѓаните од победниците на парламентарните, како и од победникот од претседателските избори. Тоа беа мислењата што граѓаните ги истакнаа во текот на денешната куса анкета низ скопските гласачки места.

„Кој и да победи, очекувам само правда. Ништо повеќе не ми треба, само правда“, рече еден од граѓаните во Скопје.

Друг жител на Скопје има слични очекувања.

Кој и да победи, очекувам само правда. Ништо повеќе не ми треба
Жител на Скопје

„Во правната сфера треба многу работи да се сменат. Сите да го почитуваат законот“, вели граѓанин од централното подрачје на Скопје.

Подобар стандард и поголеми економски можности исто така се во листата на очекувања.

„Економијата прва. Стандардот да ни порасне. Ако немаме леб да јадеме, нема живот“, вели жителка на скопски Аеродром.

Дел од граѓаните немаат конкретни замисли од каде да се почне, не веруваат дека изборите ќе донесат подобра иднина.

„Очекувам сè да е подобро, од секој аспект да тргне на подобро“, вели една од соговорничките.

Имаше и такви кои не очекуваат никакви промени и после овој изборен циклус.

„Да ви кажам, не очекувам ништо ниту после овие избори“, беше категоричен еден од жителите на скопски Аеродорм.

Гласањето низ скопските општини Аеродром, Центар и Автокоманда, кои денеска ги посетивме, се одвиваше генерално мирно.

Граѓаните овојпат можеа да бираат дали ќе гласаат и за шеф на државата и за пратеници во Собранието, или само за едно од тие две избирања.

XS
SM
MD
LG