30 Април, 2024
0.0327

„Длабоко сум благодарена за довербата и поддршката“ - Георгиева останува да раководи со ММФ

Објавено во: Економија 13 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа соопшти дека генералната директорка Кристалина Георгиева доби уште еден мандат.

Вториот петгодишен мандат на Георгиева беше потврден со консензус.

Новиот мандат на Георгиева (70), која беше единствената кандидатка, ќе почне на 1 октомври, на крајот на нејзиниот досегашен мандат. 

Тоа значи дека Георгиева, која беше единствениот кандидат во трката за шеф на Меѓународниот монетарен фонд, ќе остане на функцијата и кога нејзиниот сегашен мандат ќе заврши на 30 септември 2024 година.

Таа го води ММФ од 2019 година.

„Длабоко сум благодарна за довербата и поддршката на Извршниот одбор на Фондот, кој ги претставува нашите 190 членови, и чест ми е да продолжам да го водам ММФ како извршен директор“, рече Георгиева.

„Со нетрпение очекувам да продолжам да му служам на нашето членство, заедно со високо професионалниот и посветен персонал на ММФ“, додаде таа.

Георгиева, 70-годишна Бугарка, од почетокот на нејзиниот мандат, ММФ им помага на земјите кои се соочија со финансиски тешкотии за време на пандемијата на коронавирус и последиците предизвикани од руската инвазија на Украина, особено во Европа.

Според контроверзниот, повеќедецениски договор меѓу Европа и Соединетите Држави, со Меѓународниот монетарен фонд историски раководел Европеец, а Светската банка од Американец.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување